Тоа што Македонците не сакале да се кажуваат за Бугари дури и при наложувања од свештенството на бугарската егзархија ги приморало Бугарите да ги претставуваат како лукави, итри, непатриоти (бугарски) кои само за пари мислат кога им се бара да се искажат дека се Бугари.
„… Македонците општо се развиени, итри, лукави и подли луѓе. Македонецот ја сака слободата повеќе од Тракиецот и од Бугаринот кој живее во северна Бугарија, но само друг да му ја извојува, а не самиот тој. Во Македонецот не постои ниту искра од патриотизам. Тој за пари и татко си го продава. Се раскажува кога поставувале украси во некоја епархија во Македонија, свештениците кога го советувале населението пред власта да ја исповеда својата народност, некои велеле ‘Ќе ни дадете пари ќе се чиниме Бугари …’“.
Посочил: Macedonian Agema