1916.08.02_Бугарско началство под Македонското Ополчеништво

1916.08.02_Бугарско началство под Македонското Ополчеништво-01

И во овој внатрешен воен документ од бугарската војска за време на I Светска Војна додека владеела со делови од Македонија, Илинденското Востание не само што не е поврзано со Преображенско, туку е со големи букви наведено како ИЛИНДЕНСКО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ.

Имено во текот на I Светска војна, може од разни документи да се заклучи дека Бугарија во извесна мера дозволувала изразување на македонска народносна самостојност, со цел да ги мотивира Македонците да се борат во редовите на бугарската војска.
Така кога дошол германскиот цар на боиштето, пред него и бугарскиот крал, одвоено парадирале како „бугарски, македонски и германски трупи“.

 

Посочил: Петар Богојески