Реч, изнесена на траорниот митинг во гр. Разлог на 18. XI. 1944 година по случаи погребението на Никола Парапунов
Скапи сестри и бракја Македонци драги бугарски грагјани — партијци, _младинци, партизани, храбри бугарски народни војници, отечество-фронтовци. От името на временото македонско правителство во Бугарија, т. е, от името на слободната Македонска држава и на Македонската народно-ослободителна војска сум изпратен, да ја поднесам нивната голема жал по скапите народни жертви.
Пред нас са, посмртните останки на нашиот скап другар Никола Парапунов. Денеска ние се преклонуеме исто така пред споменот на тринаесе други примерни народни синови на гр. Разлог и село Елешница, изтепани от зверовите во човешки образ на 29 мај т. г. Но тука требе, исто така да спомениме и имињата на легендарниот Иван Козарев, от Добриниште, на дедо Георги Топалов от село Долно Драгалиште и на ред други народни синови от Разлошка околија, кон оставиле маченички коските во борбата против престапниот фашизам. Тука требе да ги изброиме 24-те партизани и партизанки от Горно-Джумајскиот одред, другари на Кољо Парапунов кои ги погребавме вчера во Горна-Джумаја.
Во нас живее нивниот голем дух и тој се соединуе со духот на другите иљади народни герои, примерни чеда на македонскиот и бугарскиот народ, што проливали крвта след 1923 година во борба против фашизамот — во борба за слободата!
От 1893 година навамо македонскиот народ води героични и крвави борби за својата слобода. Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Даме Груев, Перо Тошев – това са велики имиња от по-далечната македонска историја. Илиденското востание – това е најславната страница во нашето минало, подвиг, со каков малко народи можат да се гордеат. Настапуе црн период за македонскиот народ — војните от 1912 и 1918. година и крвавиот терор от 1923, 1924 и 1925 година, кои продолжи дури до 9 септември 1944 – период на врховизамот, кога бугарските реакциони управници, преку престапници, како Ванчо Михайлов, завладева македонското движение и го превртеја името Македонец во име на убиец не само пред бугарскиот народ, него и пред самите нас, Македонците, та требеше да се срамуеме да се викаме Македонци.
Но и преку тој црн период нашиот, храбар и распарчен на три дела, народ, не престана да се бори, Димо X. Димов, Чедомир Кантарджиев, Методи Алексиев, Александар Бујнов, Георги Ковачев, Георги Пенков и стотици други верни синови на народот; Симеон Кавракиров, Георги Андреанов …. А еве сега: нашиот непрежален Никола Парапунов и неговите другари — това е долга низа от примерни скапи жертви, кои само еден дел от нашиот народ – македонската облас во Бугарија и емиграцијата са дали во борбата против фашизамот, во борбата за народната слобода.
Во лицата на Колјо Парапунов и неговите другари ние денеска се преклонуеме пред жертвите дадени за последните три години во таја тригодишна тешка и крвава борба против немските поробители, и нивните продадени орадија от славјански произход – Филов, Божиловци, Ванча Михајлов, Недич п Дража Михајлович, врз планини от коски и реки от скапа народна крв, веке се рагја слободата и братството мегју народите на Отечество-фронтовска Бугарија и нова Титова Југослави1а, изгрева најпосле зората на слободата и за најстрадалниот славјански народ-македонскиот, изгрева и нашата македонска слобода.
Нашите бракја от југословенска Македонија воодушевени от Илинденското востание со братската поткрепа на србскиот народ и другите народи во Југославија веке изградуват слободна македонска држава во демократска федеративна Југославија. Оваа година на Илинден беше свикано првото македонски Народно собрание – АСНОМ. За овија три години се изгради здрава Народно-ослободителна војска, која со помощта на братските народи от Југославија народната армија на нова отечествено фронтовска Бугарија — да ослободи Вардарска Македонија. Временото македонско претставителство во Бугарија, заедно со целиот бугарски народ, денеска наведнуе глава во горчива жал пред тлените останки на скапите народни жертви, но заедно со това дава клетва, дека со уште по поголема енергија и смелост, ке а продолжи борбата за полното уништуене на фашизамот на Балканите, за полното тржество на македонскиот идеал, за остваруене на најтесна дружба мегју братските народи на Отечествено – фронтовска Бугарија и нова Титова Југославија. Денеска кога фашиската диктатура во Бугарија е бутната, во надвечерието на решителната битка за полниот разгром на Хитлерова Германија и разчистуене сметките со останките на престапните фашисти во Бугарија, денеска свети уште посилно саможертвата на героите, славата на нивниот подвиг и величието на идеалот, за кој се борева и умрева.
Токмо затова денеска болката за загубените наши скапи другари е толко посилна, токмо затова и мразењето на народот против престапните типови, нивните мачители е толко по голема денеска. И затова, кога сме се собрале да дадеме последна почит на посмртните им останки, да запазиме нивниот образ за винаги, во срдцата си извикујеме: Вечна слава на героите паднали за слободата — требе да извикаме високо и силно, за да чуе цел свет и уште: Смрт на нивните мамители! Со своют ништовнен живот они никој пат не ке платат скапата народна загуба, но они немаат право да живеат, немаат право да газат слободната земја, да го замрсуат чистиот воздух!
Поклон пред светлиот спомен на Никола Парапунов и другите загинати герои!