„Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас. Ние Бугарите дозволивме на фашистите да се здружат со Германците и да нѐ потиснат од природниот сојуз со нашите братја Славјани…“
„…Ете, во таја борба ние, Бугарите, ама веќе отечественофронтовски Бугари, не старите, сакавме да влеземе. Старите неотечественофронтофски Бугари кои беја три години джандари на Хитлера на Балканот ни нанесоа срам и ние сега и секога кога се јавуеме пред вас секјаваме некое стеснение и покрај това што сме рамо до рамо против секакво надирање на фашизамот и за слободата и братството меѓу сите балкански народи.
Ама и покрај това ја секјавам кривицата на бугарскиот народ што тој позволи на својот внатрешен непријател да се сојузи со германскиот фашизам и да му служи како слуга на Балканот. Ете, това е нашето стеснение и ете за това ние сакаме да ги избришиме сите тие дејствиа на нашите фашисти за да започне едно вистинско политичко единство и за да се оствари братството меѓу тие народи. Затова ние посакавме от Маршал Тито да ни позволи да се бориме рамо до рамо со вас против општиот непријател…“
„…Бугарските фашисти наново използуваја особеното положение на Балканот во првиот етап на световната војна и наново го забија ножот на југословенските народи… Ние не би можеле да успееме во нашите борби напоследок ако не ни помогневте вие. Ето таков е фактот. Ние даваме заповед да почнат да дејствуват нашите одреди по вашата граница. Ние го молевме генерал Апостолски да отпочне борби, за да ги привлечат фашиските сили. Ние го молевме другарот Тито да дејствува против бугарските фашиски окупатори за да им ги привлече главните сили и да нѐ олесни во борбата…“
„…Разликата меѓу старата Бугариа и отечественофронтофската Бугариа е уште и во това што отечественофронтофската Бугариа смета, дека треба да се врати оној дел от Македониа, кој денеска се навоѓа во границите на Бугарија, и да се приопшти кон Македониа во Југославиа…“
Посочил: ОМО „Илинден“ – ПИРИН