Грчкиот револуционер од влашко потекло, Наум Спанос, сведочи во 1897 година дека Македонците се определувале како посебен народ и се бореле за слободна и независна Македонија.
“… Во Атина дојдов точно на 3 листопад 1897 година и размислував за работа. На 26 листопад ме сретна Апостол Перовски.
Ме поздравува: ‘Добро те најдов, војвода, ми вели, ни го обели образот на Македонците’. Ова беше негов трик. Ми вели: ‘Капетан Наум, слобода да не очекуваме ниту од Грците, ниту од Бугарите. Само ние, Македонците, да се бориме за нашата Македонија’.
‘Во ред, дојде времето’, веднаш му реков.
‘Браво многу добро зборуваш’. Но, нешто се посомневав.
Се осмели тој и ми вели дека ‘Македонците почнаа да се подготвуваат, дури овде има и комитет од Македонци и во Романија, Србија и во Бугарија, ќе се подготвуваме сите Македонци и ќе дејствуваме во Македонија, треба да се запишеме сите во Комитетот.’ …“
Посочил: Кукузел