„Ние сме Македонци, а не Бугари, и нашиот јазик е македонски!“
Грчкиот весник „Емброс“ пренесува разговор меѓу рускиот конзул во Битола, Виктор Фјодорович Каљ и извесен полјак од селото Скочивир, битолско. Од разговорот на недвосмислен начин се потврдува високото ниво на националната свест и засебниот јазик на обичното македонско население.
Во еден момент конзулот Каљ го запрашал селанецот „дали е Грк или Бугарин“, забележувајќи му „дека е Бугарин штом говори на бугарски јазик“, пишува во текстот напишан од грчки новинар кој го придружувал дипломатот.
– „Ние сме Македонци, а не Бугари, и нашиот јазик е македонски“, му одговорил македонскиот селанец на рускиот дипломат, кој подоцна сознанијата за посебен македонски народ, различен од Бугарите и Грците, ги пренесол до своите надредени во Москва.