1918.10.28_The National Archives of the US – Legation Royale de Grece a Washington, p690 – 714

Писмо испратено од Грчката Кралска Легација во Вашингтон до Владата на САД во 1918 година, во кое грчката дипломатија се обидува да докаже дека населението во Македонија не се ниту Бугари, ниту Срби, а оние кои зборуваат на словенски јазик не се ни Грци.

Писмото е дел од голема збирка на различни документи, кои биле испратени од Владите на разни земји до САД во текот на 1918 година.

Меѓу другото, во ова писмо, грчката дипломатија ги изнесува следните ставови:

  • Јасно и непосредно ги негираат бугарските тврдења дека народносно Македонците се Бугари;
  • Ја обвинуваат Бугарија за историски и статистички манипулации во врска со Македонија;
  • Ја обвинуваат Бугарија за бугаризирање на словенското население во Македонија со пропаганда, поткуп и насилство;
  • Објаснуваат дека македонскиот јазик е различен од бугарскиот;
  • Нагласуваат дека Македонија не е бугарска и никогаш не побарала да стане бугарска;
  • Бугарската националистичка пропаганда кон Македонците ја критикуваат како историски неточна, измамничка и штетна;
  • Бугарите непрекинато намерно ја искривуваат вистината и поради тоа не треба да им се верува;
  • Жртвите на бугарската пропаганда во Македонија, не се спротивставиле бидејќи мислеле дека вистина кога-тогаш сама ќе излезе на виделина, а во услови кога секое спротивставување значело животна опасност и истребување.

Извадоци каде што се изнесените горните ставови:


„… Историското истражување ни покажува, затоа, дека Бугарите никогаш не ја поседувале Македонија непрекинато [во континуитет], ниту доволно долго за да можат да влијаат на домородните населби, или оние кои се доселиле таму; или, со еден збор, да го променат нејзиниот карактер и менталитет. …“


„… Бугарите, следствено, никогаш не можеа, под освојувачкиот Турчин, да ја бугаризираат Македонија, бидејќи нивниот број не беше доволно голем за да се чувствуваат стеснети во покраината која ја окупираа. Од друга страна, нивната земја беше многу богата рамнина, и тие, следствено, немаа засегнатост да ја напуштат богатата земја за да се населат во друга која беше прилично планинска и следствено помалку плодна. …“

 

Слична содржина
1943.05.18_Значки 'Независна Македонија' - бугарска окупациска забрана

„…Србите тврдат дека Македонците можат полесно да се разберат со нив отколку со Бугарите. …“

Населението со словенски говор во Македонија ги нарекуваат Македонци. Веројатно ќе речат дека тоа е употребено како земјописен (географски) израз, но нашето убедување е дека го употребуваат заради добивање на изговор, поради неговата секојдневна употреба од страна на Македонците за себе самите.


„… Македонците што зборувале македонски јазик не можат да се сметаат за Бугари, бидејќи ја одбивале бугарската црква и останувале верни на грчкото православие и неговите национални манифестации – и тоа во време кога антагонизмот меѓу Грците и Бугарите бил остар, а одбивањето на бугарштината значело опасност по животот и истребување. …”

 

Повторно целото население кое зборува на словенски јазик е именувано како Македонецот:

„… Веќе рековме дека Македонецот, особено во средишниот дел, зборува јазик што е многу близок до словенскиот. …“

 


„… Знаеме дека убедувањата [се мисли за национална припадност] на луѓето беа создадени преку пропаганда што траела со децении. Бугарската пропаганда изнесуваше лажни тврдења кои не беа оспорувани, затоа што народите кои беа нејзини жртви ја занемарија потребата да им одговорат и да им се спротивстават, уверени дека вистината на крајот самата ќе излезе на виделина.
Бугарските тврдења на крајот почнаа да се прифаќаат како израз на волјата на Mакедонците.
Но тоа е длабока грешка и заблуда. Македонија никогаш не побарала да стане бугарска, затоа што не е бугарска, и затоа што менталитетот што се создал во хеленска културна средина, го одбива тоа гледиште.
Не треба да им се верува на бугарските тврдења. Тие од секогаш ја изопачувале вистината. …“

Македонски превод на посочените страници од писмото

Посочил: Ash W
Извор: The National Archives of the US