Весникот „Србин” во 1902 година објавил статија во којашто го пренесyвa ставот на македонскиот национален деец Стефан Јакимов Дедов (1869 – 1914) за посебноста на македонскиот народ и стремежот кон македонскиот национален идеал – Македонија на Македонците, наместо приклучување кон Србија или други држави.
„… Редовно го гледаат кај одделни млекари, фурнаџии, меанџии и други Срби од Турција. Разговорот кај наведениве, Ст. Јаќимов го води исклучително за тоа чија е Македонија и дека Македонија треба да остане за Македонците, а никако да не се присоедини кон Србија; зашто Србија е многу должна и оди кон тоа својот долг да го растовари и врз Македонците. Македонците не се Срби, туку Словени. …”
Посочил: Macedonia: a True Endless Story …