Го запрашав: Па добро, дали сте вие Бугари? – ми одговорија: ‚Не сме, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ‘.
Известувачот за весникот „Србобран“ вели дека тројцата Македонци служеле во бугарската армија и како такви биле заробени од српската војска.
„… – Пред мене се појавија тројца млади бугарски војници. Еден беше од околината на Велес, вториот од Крушево, а третиот од Белограчик.
Кога ги запрашав дали им е познато дека Бугарите се победени на сите линии, ми одговорија скоро сите во еден глас: ‚И нека изгубат во Софија, тоа потполно и го заслужиле. Нас нѐ зедоа насилно во војска уште од неполни 17 години‘. И навистина овие двајца од Македонија немаа повеќе од 18 години. …
– Го запрашав: Па добро, дали сте вие Бугари? – ми одговорија: ‚Не сме, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ‘. …”
Посочил: Гоце Панговски