1903.12.07_Slovenski Narod, 283, s3, Ljubljana

Вероучение - Поука 03

Словенечкиот весник “Словенски народ” од Љубљана, пишува за забранетото предавање на Петар Орловец, дописник на “Петербугские Ведемости” од Љубљана, за состојбата на Македонците после Илинденското Востание.

„… Интересот за објавеното предавање за положбата во Македонија беше во Љубљана огромен. Како пак беше непријатно изненадено многубројното граѓанство, кога ја најде салата, каде што требаше да се предава, затворена, со објава дека предавањето е – забрането… Таа забрана направи во сите кругови најмачен впечаток и предизвика силно огорчување….[кое] немало никаква политичка заднина…[а целело] да пробуди сочувство во човекољубивите срца за страдалните Македонци и да собере помош за нивната сиромаштија.

Бурите се Германи, а Македонците пак се Словени.. и нам на Словенците ни се забранува да им потпомогнуваме во таа иста благородна и човекољубива замисла само заради тоа што Македонците се наши крвни браќа. …“

 

Посочил: Мисирков