Името Македонија, Македонци е во непрекинатост забранувано и присвојувано име.
Забранувано како народносен поим, присвојувано како титула и бренд за посед.
Со завршетокот на македонското превладување сите подоцнежни империи поради историски геостратешки засегања имале и во денешницата имаат повеќе или помалку негативен однос кон обновата и растот на значењето на македонското име. Посебно е негативен односот против Македонија како народносен (и национален) поим.
Тоа е една од главните причини за недостатокот на зборовите Македонија, Македонци, македонски јазик, народ и нација, во службените податоци на странските империјални архиви. Соседните негирања се само производ на тие империјални противмакедонски засегања. Така што во одбрана на својата самобиност принудени сме да се потврдуваме преку нивните пропусти, алтернативни независни извори или врз основа на логички научни концептуални заклучоци.
Во продолжение султанова наредба за забрана на употреба на називот Македонија.
Превод на документот
„Тој (Бог)
Ова е дешифрирање на Високата Шифрирана телеграма од 25 цутар 319 година (7 тревен 1903).
Со Високата наредба на Неговото Величество Султанот се известува: Отсега па натаму, во претставките и соопштенијата поврзани со работите на царските вилаети на Румелија, категорично се забранува терминот (називот) Македонија, којшто се споменува како локално име.
Итна достава на вилаетите/ 26 (цутар)
Била доставена/ 27 (цутар)
Копијата е на место (архивирана е)“
Посочил: Портал Македонска Нација