1925.06.09_Jovan Nastovich – Race Macedonian; Gary, Indiana

Иако сѐ уште со српски завршеток на презимето, Јован Настовиќ од Мешеишта охридско, кога се нашол во можност слободно да се изјасни, во званичниот документ себеси не се произнесол како Србин, Бугарин, „Македонски Словен“ и слично, туку како Македонец.
Во званичен американски државен документ (Declaration of Intention), иселеникот Јован Настовиќ јасно и недвосмислено се изјаснил како Македонец по раса (race: Macedonian), разликувајќи ја својата народносна припадност од тогашната државна припадност (nationality: Jugoslavian).

Документот потврдува дека американската управа (администрација), во тоа време ја прифаќала и ја прибележувала македонската посебност како важечка категорија, независно од тековните политички граници на Балканот.

 

Посочила: maco_queen (2026.03.19 · 16:27)