1949.06.23_CIA confidential – Yugoslav Pact with Macedonian Independence Movement

Социјалистичкото раководство на Југославија, добро ги знаело крвавите немири помеѓу двете светски војни, поврзани со Македонија. За да не и се повторат истите, веднаш после Втора Светска војна, побрзале да направат договори, давајќи обилни отстапки во тоа време, само да се задоволи и смири македонското прашање.

„… ЦИА ИНФОРМАЦИСКИ ИЗВЕШТАЈ

Датум Дистр.: 23 ЖЕТВАР 1949

КЛАСИФИКАЦИЈА: КОНТРОЛА – САМО ЗА СЛУЖБЕНИЦИ НА САД – CIA-RDP82-00457R002800040009

ДОВЕРЛИВО

ДРЖАВА: – Југославија/Бугарија

ПРЕДМЕТ: – Пакт помеѓу Југославија и Македонското движење за независност

Врати го во библиотеката на ЦИА

1. Во цутар 1949 година, во Анкара, Турција, се одржа службен состанок помеѓу југословенските делегати и делегацијата на ВМРО предводена од Ванчо Михајлов. Михајлов побара и доби писмен договор од југословенската делегација, според кој Југославија ќе ги насочи сите свои дипломатски вештини за формирање независна македонска држава. Југословенската влада се согласи да работи на добивање меѓународни концесии за оваа нова држава и да влијае на јавното мислење во Грција, Бугарија и Југославија во корист на овој план. Дополнително, Југославија ќе го финансира ВМРО две години по склучувањето на договорот.

2. Михајлов, дејствувајќи за ВМРО, се согласи да се откаже од анти-југословенски активности и ќе поттикнува движење за независност меѓу Македонците во Бугарија. ВМРО ќе се обиде да ги насочи симпатиите на Македонците и во Бугарија и во Грција кон Југославија.

3. Договорот предвидува македонската држава да има демократска влада, која нема да биде ни про ни анти-комунистичка.

4. Ќе биде склучен и пакт за меѓусебна одбрана со Југославија, но тој ќе престане да важи ако Југославија се обиде да влијае на внатрешните работи на Македонија. Разузнавачките служби на ВМРО, активни во Романија, Бугарија, Грција и Албанија, ќе бидат ставени на располагање на Југославија. Во случај на вооружен судир, македонските отпорни групи ќе дејствуваат со југословенските сили.

5. Југословенската делегација се обиде да вклучи клаузула во договорот според која македонската држава би се изразила во корист на Балканска федерација. ВМРО одби да се обврзе на ова прашање, и тоа беше одложено за подоцнежен датум.

ДОВЕРЛИВО …“

 

Посочил: Ash W.