Оваа вест ги потврдува раскажувањата на нашите Македонци во Пиринско, за тамошната македонска герилска борба, веднаш после Втора Светска војна, за спојување со Македонија во Југославија.
„… ТЕМА: Политичка – Македонското прашање
…
Извештај за Бугарските комунисти кои дејствуваат против македонските герилски единици
Според бегалците кои избегале од Бугарија, македонскиот проблем повторно се распламти во Бугарија. Македонците од Ќустендил, Петрич, Горна Џумаја и Неврокоп (сите блиску до југословенската граница), и во Момчилград, Крумовград и Караажали (грчко-гранични области), заедно со оние кои живеат во области населени со Помаци, се испраќаат во северна Бугарија, јужна Добруџа и крајбрежјето на Црното Море. Македонците, кои ја гледаат оваа постапка со одвратност и омраза, бараат Пиринска Македонија да се соедини со Југословенската Федерација. Со оваа цел, единици организирани во планините на Бугарија водат герилска војна против комунистите.
Друга причина за незадоволство меѓу Македонците е одземањето на нивниот имот и земја за колхози. Меѓутоа, во Југославија, сите имоти над 30 декари се предмет на конфискација.
Бугарскиот комунистички режим презема силни мерки против герилците и Македонците. Надвор од градот Трново, откриена е тајна радио станица, користена за анти-комунистички емисии, поставена во пештера. Во пештерата имало и големи количества оружје и гранати. Многу Македонци беа уапсени како резултат на овој инцидент.
Софискиот суд неодамна осуди 15 Македонци на долги затворски казни по обвинение за шпионажа за Југославија. Бугарското радио тврдеше дека овие луѓе влегле во земјата од Југославија како бегалци за да добијат карти на Ќустендил и други бугарски гранични зони, да обезбедат воени информации и да ги поттикнат Македонците на бунт против Бугарија. …“
Посочил: Ash W.

