Фон Швајниц му предлага на министерот фон Билов: во рамките на природните граници на таа област да се создаде една држава – Македонија.
Во текот на преговорите меѓу министрите Андраши и Игнатиев во врска со прелиминарниот Санстефански договор и разграничувањето на Бугарија од Македонија, германскиот пратеник Фон Швајниц, на 4 април 1878 му поднел предлог на министерот за надворешни работи на Германија, Фон Билов, тој проблем да се реши на следниот начин:
„да се земат делови од Албанија, Бугарија, Србија и, во рамките на природните граници на таа област да се создаде една држава – Македонија, за чиј кнез ќе се постави генералот Родич“
(командант на јужната Австро-Унгарска армија, н.б.).
На 15 април 1878 год., Фон Билов му го претставил заедничкиот предлог на Аврсто-Унгарија и Германија на германскиот цар Вилхелм I. Во тој предлог биле содржани австроунгарските услови за спогодба со Русија.
Документи од секретните архиви на Руското правителство. Софија 1893, стр. 33;
____________________________________________
http://www.mn.mk/istorija/11837
Доверливо писмо на германскиот претставник во С. Петербург Фон Швајниц до министертот за надворешни работи Фон Билов
(С. Петербург, 4 април 1878 год.)
Hans von Bulow“…Веднаш по враќањето во Виена , ме посети гроф Игнатиев за да ми соопшти, строго дискретно, за својата Виенска мисија, која ми ја претстави како мисија што ја постигнала својата цел.
…Од тоа што ни раскажа гроф Игнатиев… Ќе се послужам со директен говор без да бидам дословен заради скратување.
‘Вие знаете, рече Генералот, дека имаме конвенција со Австрија со која се исклучува создавањето на голема словенска држава (се однесува на чл. 3 Тајната конвенција помеѓу Русија и Австро-Унгарија од 15.I.1977 год., н.б.) “en revanche”, тоа значи “Бугарија треба” итн. Ограниучувањето се однесува според нашето сфаќање на Србија и Црна Гора, и ние совесно водиме сметка. Никогаш не помисливме дека Австрија ќе стави приговори против автономна Бугарија. Ширењето би требало да се сфати под поимот Бугарија, но не го предочивме ние, туку конвенцијата; во Шестиот Протокол од 8 коложег 1877 (стр. 51) претставниците на Германија, Англија и Русија констатираа: дека иницијативата на Владата на Нејзиното Величество на Британија за главен мотив ги имаше настаните што се случија во областите кои се наоѓаат надвор од Дунавскиот вилает, дека од тој момент не може да се занемари јужниот дел на Балканот, и дека на тој начин ќе мораат мерките за кои ќе се постигне согласност да се прошират на вилаетите: Софискиот, Призренскиот, Битолскиот, Одринскиот и Солунскиот.
Строго се држев според картата која пред долго време и ја поднесовме на австриската влада (овдека Генералот си противречи со она што порано ми кажуваше за таа карта) и против која немаше никакво негирање од Виена. Гроф Андраши (министер за надворешни работи на Австро-Унгарија 1871-1879, н.б.) рече дека тој ништо не знае за таква карта; јас го замолив само да побара, и точно, тој ја најде во една фиока под многу хартии; тој не можеше да се сети дека некогаш ја видел.
Накусо, продолжи Генералот, постои разлика од мислењето помеѓу Австрија и нас во смисла на ширење на тајната конвенција за што Германија е заштитник; оваа арбитража на Вашата Влада ние ја ставаме под прашање.”
…За тоа што сака Австрија и што не сака, Генералот ми го кажа приближно ова…: Заради интересот и заради австрискиот сообраќај презедов секакви замисливи обѕири: трговски договор, железничка тарифа, земјишен посед од двете страни на железницата; и сето тоа не им е доволно. Тие (Австријците, н.б.) ја бараа врз база на мислењето на една стратегиска комисија целата површина на водите што течат кон Јадранското Море и кон Солунскиот Залив, со други зборови, линијата од Орфано до Врање”.
На моето прашање дали Австрија го бара ова за себе или за Турција, Генералот не ми одговори сосема јасно.
‘Јас му кажав’, продолжи тој ‘на грофот Андраши дека може да ги земе земјите населени со Албанци, Бугари, Срби итн. Да создаде од нив една автономна држава и, ако му се допаѓа, да го постави генералот Родиќ за кнез на оваа “Македонија”; нас би ни било право.
Против тоа дека еден дел од егејското крајбрежје и припаѓа на Бугарија грофот Андраши не протестираше; ми се чинеше дека австрискиот приговор за подолга окупација на неговото Кнежевство не беше толку силно потенциран како порано. За можноста да ја прекрои земјата се чинеше дека грофот Андраши имаше свое мислење, како и за подготвување на тврдините. Кога генерал Игнатиев му обрна внимание дека е тоа здодевна работа, тој му одговори – така барем тврди тој – министерот му одговорил дека со динамит би можело една тврдина за 24 часа да се уништи.
Ако во Виена не постојат други замерки и барања, освен оние за кои ми раскажуваше гроф Игнатиев, мислам дека би можело да се дојде до разбирање, дека Русија се откажува од западниот дел на Бугарија, каде што не влегле руски војски, Што не ми изгледа невозможно, давањето би било за Русија полесно одошто земањето за Австрија. Тешко и всушност опасно ми изгледа самото вето против ширењето на Црна Гора до морето.
Фон Швајниц”
Die Grosse Politik der Europaischen Kabinette 1871-1914, Zweiter Band. Berlin 1922, S. 259-262;
Документи за борбата…, т.I, док. 173, стр.234- 236