1943.09.28_Германската команда за југоисток – ‘Archiv des Auswärtingen Amts, Mikrofilm 4530’, Белград

Вероучение - Поука 03

„… Токму затоа реакцијата на Македонците кон Бугарите е истоветна како спрема Србите до 1941. Македонците до 1941 година се стремеле да се ослободат од Србите, а сега пак се борат да се ослободат од Бугарите… Мнозинството од населението пружа отпор кон Бугарите и тој станува се помасовен. Бугарија треба да е веќе свесна дека таа е неприфатлива за македонското население и дека ќе мора да ја прифати реалноста, бидејќи се увери дека Македонците одбиваат да бидат Бугари …“

 

Професорот Бруно Питиони, висок државен службеник на Германија во Бугарија: „… Јас немам сретнато народ како бугарскиот, кој направил толку многу престапи, кај кого има еден толку голем регистер на фалсификати. Бугарија е држава која поседува работи кои ги има присвојувано од туѓи народи и држави… Јас ќе се навратам и на големиот фалсификат кој го прави Бугарија со употреба на поимот ‘ослободени предели/области’, притоа мислам во прв ред на Македонија. …Мнозинството Македонци не се поистоветуваат со Бугарите. За Македонците, во најмала рака, или поточно, може да се каже, дека ги сметаат Бугарите за нешто подобро, споредени со Србите. Но факт е дека мнозинскиот број Македонци, не ја гледаат својата среќа со приклучување кон Бугарија, туку во своја самостојна држава, за која копнеат со векови …“

 

Посочиле: Виолета Ачковска, Портал Денешен