„… Сарафов работи на тоа Македонија да добие политичка самостојност. Факт е дека постои извесна разлика помеѓу македонското наречје и јазикот што се зборува во Србија или во Бугарија, поради што постои желба наречјето на оваа покраина самостојно да се развива. Во таа смисла Сарафов го даде слоганот: Македонија на Македонците!… Ако Сарафов сериозно мисли за самостојноста на Македонија, ние можеме само да му посакаме среќа во неговите потфати во иднината…Ако тој се залага неговата татковина да добие автономија и ако притоа ги одбива великобугарските и великосрпските барања, тогаш тој ја заслужува моралната поддршка од Австро-Унгарија. …“
Посочил: Александар Донски – Историјата не е само минато