1903.08.14_Osaka Majnichi Shimbun, Japan

Вероучение - Поука 03

„… Изгледа дека е многу тешко да се најде темелен начин за да се решат проблемите на Балканот. Се стравува дека ако продолжи борбата, мирот во Европа исто така ќе биде нарушен. Повикувајќи се на вестите што доаѓаат од Лондон, востанието сѐ уште се шири, а згора на тоа извршен е и атентат врз рускиот конзул. Востаниците се составени од: Македонци, Бугари и Албанци, додека за најважна личност се смета Борис Сарафов кој ги води Македонците. Борис Сарафов е голем револуционер и сега иднината на Македонија зависи од него. Тој е на триесетгодишна возраст и неговото семејство одамна чувствувало огромна омраза кон Турција. Оваа омраза продолжувала со поколенија во неговото семејство. Кога Сарафов имал само пет години, татко му и дедо му биле фатени и свирепо насилнички убиени од Турците. Оттогаш Сарафов чувствувал неопислива омраза и бес. Откако пораснал се придружил на народната војска. Во златец 1895 година, за прв пат, тој создал своја мала војска… Тие ја поминале границата и влегле во Мелник (град под турско запоседништво). Таму ја поразиле стражата, ја пресекле телеграфската линија и отепале 50 Турци. Турската влада беше вчудовидена од овие вести. Ова беше прв пат Сарафов да успее во својата одмазда. …“

Написот продолжува со детален опис на житието на Сарафов, а на крајот завршува со заклучокот дека: … изгледа неговите планови засега почнаа да се остваруваат.

Гледаме дека и во овој подолг напис Македонците сосема јасно се издвоени од Бугарите, а за Сарафов се вели дека ги води токму Македонците. Спомнувањето на Албанците пак, се однесува на нивниот тогашен бунт во Косово.

 

Посочил: Александар Донски – Историјата не е само минато