1125 — 1154_Al Idrizi – ‘Nuzhat al-Mushataq fi ikhtiraq al-afaq’

1125 — 1154_Al Idrizi - 'Nuzhat al-Mushataq fi ikhtiraq al-afaq'

Според оваа арапска земојописна карта во Македонија спаѓа и добар дел од денешните јужна Србија, западна Бугарија и северна Грција.

„А што се однесува на планината „Макадунија“ (таа е планина која се простира од Лариса со правец од југ кон север). Меѓу неа и Константија (Константинопол) има 125 милји… Од гореспоменатата планина (Макадунија) еден дел се простира во правец од запад кон исток, друг пак дел се крстосува и е врзан со неа, во насока од правец север малку на југ. Меѓу таа планина и Фаруј има 20 милји. Сите тие планини носат име Макадунија. Меѓу тие планини (два планински венца) тече реката Ахилу. Таа е голема река, која иде од северната насока. Од неа до Константија има 110 милји“.

Покрај планината Макадунија, ал- Идризи споменува и земја под име Македонија за која вели:

„Што се однесува до земјата Македонија, во неа се наоѓаат градовите: Наису (Ниш), Атруби (Пирот), Кукастру (Кладово), Афранисура (Браничево), Бидуни (Видин), Банци (Берковица), Луфиса (Ловеч), Агризинус (Разград) и Масиунус (Шумен)“. Понатаму авторот дава опис на „еден од градовите на Макадунија“, односно на Македонија, а тоа е градот Ниш, за кого вели дека е „великолепен град“.

Земјописецот ал – Идризи, меѓу другото, знае по име и за пет реки во Македонија, меѓу кои ги спомнува:

Војуса, Девол, Дрим, Вардар, Морава и Нишава, а реката Струма ја именува по реката „Мармара“.

 

Извор: Портал Македонска Историја