0904 « 1839_Theophanis Contin – Joannes Cameniata, ‘De excidio Thessalonicensi, cap 6’-01

Запис на средновековен Солунчанец – Иван Камениат од почетокот на 10ти век. Тој ја имал напишано историјата на Солун во 904 година при неговата опсада од страна на Арапите; го опишува карактерот на Македонските Склавини и солунските власти од 10ти век.

„… На запад (од Солун) се простира една рамнина, која завршува до едни други планини, каде се издига еден град нарекуван Вероја (Бер), град познат по жителите, така и по сите особини со кои може да се пофали град по урбанизираност. Во средното пространство на таа рамнина, се наоѓаат некои распрснати села, од кои едни близу до градов (Солун), нарекувани со име Драговити и Сагудати, потчинети на градов, други пак плаќаат данок на соседниот Скитски (бугарски) народ, кој не е далеку.
Инаку селата живеат по соседството едни со други, па како и бидува, неретко влегуваат во сродство едни меѓу себе и со солунчаните, а тргуваат со Бугарите. …“

[79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII – LXXVIII, et p. 252.].

 

Посочил: Полјакот од Македонија

Слична содржина
1920.11_Arthur Bullard - 'The Sore Spot of Europe'