Македонски полк во Украина за време на Царска Русија. Полкот бил составен од околу 4.000 луѓе, располагал со свој печат, со посебна униформа (палто и жолти панталони, прошарани со црни гајтани, црвена капа), со македонски грб и амблем со штит со две вкрстени копја. Полкот и четите имале и посебни знамиња. До 1776 г. полкот имал грб со амблем на лав, земен од делото „Стематографија“ на Христофор Жефарович.