• 1900 Извадок од предговорот на драмата „Македонска крвава свадба“ •
„… „Што напишав јас? Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на МАКЕДОНИЈА она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на МАКЕДОНКИТЕ да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста на МАКЕДОНЕЦОТ јуначки да им одмаздува на оние крвници што ја извалкаа или ќе се обидат да ја извалкаат неговата семејна чест – ете, во тоа главно се состои содржината на пиесата“.
• 1903 извадок од молбата до српското дипломатско претставништво •
„Македонската театарска група чиишто членови се младинци – МАКЕДОНЦИ со универзитетско и гимназиско образование, сфаќајќи ја несносната положба во која денес се наоѓаат нивните браќа бегалци од МАКЕДОНИЈА, реши да ги пропатува сите словенски краишта, да дава претстави од македонскиот живот и на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, сакајќи на тој начин да ги запознае сите словенски братски народи со животот на нивниот брат – робот“.
• 1929 извадок од изјавата до домот за сираци •
„Се надевам дека по прочитувањето на книгава секој питомец добро ќе го запомни прочитаното и никогаш не ќе го заборави јазикот на кој е напишана, јазикот на кој зборувале неговите прадедовци, родители и роднини и на кој ќе зборуваат и покрај физичкиот и морален терор на сегашните поробители на татковината Македонија, сите идни поколенија што ќе ја населуваат оваа света земја“.
• 1890 – 1892 извадок од осудата на Лозарите чиј член бил В. Чернодрински во бугарскиот весник „Свобода“ •
„Во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија, излегуваат луѓе што се силат да ги расипат плодовите на толкугодишните усилби, да докажат дека македонските Бугари се одделна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи!“ …“

