• Извештај до Министерот за Надворешни работи Н. К. Гирс •
Како што е извесно, христијаните од Тетовската (Калканделенска) околија, макар што по потекло не се Бугари (тие впрочем не се ни Срби, туку се Македонци, по име Мијаци и Брсјаци), во поголемиорт број се оддалечија од грчката патријаршија и преминаа на страната на бугарската егзархија, па до војната имаа и свој митрополит.
Во Тетовската (Калканделенска) околија од моја страна не се прикажани ниту Бугари, ниту Срби, туку се прикажани како Словено-Срби, поради тоа што тамошните жители не и припаѓаат на бугарската народност, како што обично се тврди, но исто така не би било во ред тие исцело да се сметаат меѓу српската народност. Според јазикот, впрочем, тие стојат многу поблиску до Србите, отколку до Бугарите, исто како и речиси сите Словени од целата Скопска губернија. Меѓутоа, во суштина тие претставуваат род од едно посебно племе под името Мијаци и Брсјаци, кои во Македонија живеат од древноста и се имаат нарекувано де Бугари, кога влегувале во составот на Бугарското царство, де Срби, додека со нив владееле српските кралеви и цареви, Турските власти нив ги нарекуваат Бугари, исто како и сите Срби (православни) што живеат по овдешниве краишта, за разлика од Србите во Кнежевството.
Посочиле: Портал Македонска Нација (2014.10.08)
Извор: С. Дракул – ‘Руските дипломатско-стратешки контроверзи околу македонското прашање’, стр. 362

