1914_Хусеин Хилми Паша

„… Никогаш не помислив дека Македонија некогаш може да стане српска, дека Грците ќе заавладеат со Солун, но судбината, знаете, често дозволува и најневеројатни нешта… Во револуционерните времиња, Грците и Србоманите, верувајте, секогаш беа заедно со нас, Турците, против комитетите. И мене и мојата полиција тие не известуваа за сѐ, тие беа наши шпиони, пријатели и поддржувачи… Но какви и да се Србите и Грците, виновни сме ние зашто не се разбравме навреме со Бугарите. За Турција ќе беше најдобро да беше заедно со Бугарија…“

 

Хусеин Хилми Паша не бил Турчин, туку Грк од Лезбос. Потомок на семејство што примило ислам. Завршил основно образование на Лезбос, а француски јазик научил уште од најрана возраст. Сосема млад почнал да работи како чиновник во Османлискиот државен апарат. Напредувал многу брзо до валија на Адана, а во 1898 година и на Јеменскиот вилает. Во 1902 година со одлука на султанот Абдул Хамид II и со согласност на Големите Сили е назначен за Генерален инспектор на Солунскиот, Косовскиот и Битолскиот вилает. Подоцна во два наврати бил Голем везир. Во листопад 1912 година бил назначен за амбасадор на Османлиското Царство во Виена, Австро-Унгарија, каде што останал до крајот на Првата Светска војна.

 

Посочил: Блог Македонски Документи

Слична содржина
1921_Isaiah Bowman - 'Constantinople and the Balkans, What Really Happened at Paris', Pg. 170