1979_Enver Hoxha – ‘Me Stalinin’

1979_Enver Hoxha - 'Me Stalinin'

Во спомените на Енвер Хоџа, под наслов „Me Stalinin“ („Со Сталин“), зборувајќи за неговата средба и разговори со Јосиф Висарионович Сталин, во Москва, кон крајот на цутар и почетокот на тревен 1949 година, на прашањето на Сталин: “кои се личностите што биле означени како Југословенски мисионери“, мислејќи на Кочи Ѕоѕе, Сејфула Малишова (Sejfulla Malishova), Панди Кристо, Крист Темелко и други личности, Енвер Хоџа одговорил: “Крист Темелко е од македонско потекло, додека Кочи Ѕоѕе е чист Албанец, чии родители живееле во Македонија“. И на свечената вечера што била приредена во Кремљ, на прашањето на Сталин, за националната припадност на албанските граѓани и дали во Албанија има припадници на српскиот и хрватскиот народ, Енвер Хоџа одговорил дека: “мнозинството на граѓаните во Албанија се Албанци и дека постои грчко малцинство (28 илјади граѓани) и мошне мал број Македонци (сместени во 5 мали села) и дека во Албанија нема ниту Срби, ниту Хрвати“.

 

Посочил: Салим Кадри Ќерими