‘Комитетот за отстранување на расна обесправеност’ при ‘Деловницата за човекови права на Обединетите нации’ во извештајот за Бугарија препорачува таа да ги разгледа сите можни средства за обезбедување на човековите права на припадниците на малцинските народносни заедници, вклучувајќи ги Македонската и Помачката, и да ги примени релевантните пресуди на ‘Европскиот суд за човекови права’ што се однесуваат на правото на слобода на изразување и на здружување.
– Комитетот го зема предвид објаснувањето дадено од делегацијата на државата членка дека сите нејзини граѓани имаат право на самоопределување, вклучително и за Македонците и за Помаците. Сепак, Комитетот е загрижен поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи им е забрането слободното остварување на правото на слобода на собирање и слобода на здружување. Комитетот изразува жалење за постојаните пречки и отежнувачките услови за законско заведување на граѓански организации и пријавеното одбивање на законско заведување на македонските здруженија од страна на ‘Агенцијата за регистрација’ и од судовите, врз основа на нивното македонско самоопределување, наведуваат од Комисијата.
Во извештајот кој излезе во пресрет на одбележувањето на 75 години од ‘Декларацијата за човекови права на ОН’, Комитетот, исто така, препорачува државата-членка да ги отстрани сите препреки за заведување на малцинските здруженија и да преземе мерки за да го поттикне нивното делување и да соработува со нив.
Извор: Портал A1ON