1892+ « 1950.04.22_Илинденски сведоштва – Илинка Божинова Гојдароска, с. Козица

1892+ « 1950.04.22_Илинденски сведоштва – Илинка Божинова Гојдароска, с. Козица

Сведоштва на Илинденците за делувањето за Македонската Револуционерна Организација во борбата за самостојна и независна македонска држава.

„… Преку Околискиjот народен одбор
Претседателство
Кичево
До Одборот за доделуванје на Илинден.пенз.
При Призидијумот на НАРСНРМ
гр. СКОПЈЕ.

Молба:
Од Илинка Божинова Гојдароска
од с.Козица, околија кичевска.
да и се додели илинден. пензија.

Б И О Г Р А Ф И Ј А :

Долупотписаната Илинка Божинова Гојдароска, од с.Козица, околија кичевска, родена сум 1874 година и сега сум вдоица, бев како активен борец и учесник во национално-револуционерното движение за ослободуванјето на македонскијот народ през периодот 1893-1908 година и моето участие во револуционерното движение се сатоит во следното:

Уште преди Илинденското востание ја бев како член на местнијот комитет на револуционерната организација, а пред востанието 1903 година стапив како борец во четата на војводата Јордан Пиперкоски. Зедов активно участие во борбата на планина ”Гјургјца”- Кичевско и постојано бев како куриер за да е снабдева четата се пушти и муниција-фишеци. Во четата носев машко име ”Илија”. И после востанието ја работев во позадинската служба и лекував ранети четници, како и друга позадинска служба.
За се ова поднесувам и уверение издадено од двајца свидетели.

Бидејки сега сум во тешко материјално положение и немам средства за живот, мола да ми се додели илинденска пензийа.

По законот за Илинденските пензи ослободенa сум од такса.

Смрт на фашизмот – слобода на народот.

22-IV-1950год.
Кичево …“

Извор: Вечер Печат