2023.03.26_Македонците во Грција – Сакаме да го учиме македонскиот јазик

Во сите образовни институции во општината Мелити (Овчарани) во егејскиот дел на Македонија, да се учи на македонски јазик.

Панајотис Анастасиадис, с. Овчарани
Петрос Василиадис, с. Екшису
Пеце Димчев, Лерин
Сакис Ромас, с. Овчарани

Сите местоименувања на територијата на општината да бидат двојазични и сите службени ознаки на јавните објекти да имаат написи на грчки и на македонски јазик. Ова се двете главни барања на градоначалникот на општината Овчарани во Грција, во егејскиот дел на Македонија, Панајотис Анастасиадис, кои се испратени до градоначалникот на Лерин, надлежна општина за подрачјето на Западна Македонија (беломорскиот дел на Македонија) и до министерот за образование.

Писмото е испратено на 26 цутар, а е објавено вчера на интернет страницата на весникот на Македонците во Грција „Нова зора“. Во писмото Панајотис Анастасиадис потсетува дека Грција како членка на ЕУ е потписник на Повелбата за основните права на ЕУ каде во член 21 се наведува дека земјите-членки се должни да ја заштитат јазичната разновидност и да спречат какви било дискриминаторски мерки против нив.

Освет тоа, потсетува градоначалникот на Овчарани, земјите членки на ЕУ се должни да го заштитат и да ја поттикнат употребата на малцинските јазици кои се зборуваат на нивната територија дури и тогаш кога тие не се званично признати.

„… Дозволете ми, исто така, да ве потсетам дека нашата земја е потписник, но за жал сѐ уште не ја ратификувавме ни Рамковната конвенција на Советот на Европа за регионалните и малцинските јазици. Меѓу другото, оваа конвенција предвидува признавање на овие јазици како израз на културното богатство, почитување на земјописната област каде што се зборува таков јазик и, особено, олеснување и поттикнување на користење на јазикот во писмена и усна форма, како во јавниот, така и во приватниот живот.

Граѓаните тука се отсечени од сѐ. Невработеноста расте, а се појавија и одредени феномени како што е Златна Зора, што сите нас, кои сме дел на поинаков јазичен и културен идентитет, нѐ плаши кога гледаме дека Грција со голема брзина се враќа во минатото, минато кое беше полно со бегалци, забрани и страв …“.

Анастасиадис потсетува дека токму во овој дел од Грција во беломорскиот дел на Македонија, населението не наидува на добронамерна заштита од државата во однос на употребата на јазикот што го зборуваат.

Посочиле: Портал Македонија е сѐ и Само Прашај