Писмо од Митрополит Теодосиј низ кое се согледува несомненото македонско национално самочувство. Се открива начинот на кој се разговарало во македонската борба против непријателските хегемонизми.
Владиката Теодосиј Гологанов е еден од најголемите и најспособните Македонци, кој со сите свои сили се залагал за македонските национални права.
„… Светата наша Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи…
Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат врз нејзиниот дух.Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното.
Тоа ли е братски и христијански однос? …“
Посочил: Полјакот од Македонија