„… Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили, повторно и’ е оставена на Турција по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа во одделните области на нашата татковина дојде до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и гори македонски, ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: „Слобода или смрт! …“
Од овој документ потполно е јасно дека Македонците уште во 1878 година знаеле кои се и што се.