Не можејќи да ја сузбие свеста кај Македонците за славното древно минато, издавачот Петко Рачев Славејков го сменил пристапот и древномакедонството го претставувал како “бугарско наследство”.
Петко Р. Славејков бил бугарски учен, чијашто издавачка мисија, меѓу другото било да се отфрли секакво пројавување на македонска национална свест и да делува против таканаречениот “македонизам”.