1924.10.12_Периодичен работнички весник ‘Оковани радник’, с4

1924.10.12_Периодичен работнички весник 'Оковани радник', с4

Петар Чаулев, член на Централиниот комитет на ВМРО, упатил апел до гласилата во листопад 1924 година за да ја запознае светската јавност со невидените злосторства на бугарската Влада на Александар Цанков вpз Македонците кои што се залагале и бореле за независна Македонија.

 

„ Го примивме следниов апел, кој нам ни го упати Чаулев по повод крвавите злостори на Цанков здружен заедно со Протогеров, и на сите други листови:

Веќе дваесет години наназад, владата не прeстана да биде најопасниот непријател на ВМРО, никогаш не пропушти ниедно сретство за да ги привлече на своја страна, за свои анексионистички цели, најкорумпираните и најподмитливите елементи меѓу Македонците и да ги организира под разни називи, по теркот на атинската и белградската влада, за да ги истопори против претставниците на една независна македонска политика.

Ова тежнеење на бугарската влада, која и понатаму упорно сака македонското прашање да го смета како едно просто орудие за целите на својата домашна и надворена политика, доби последниве денови на израз преку нечуените ѕверства и безпоштедно убивање на сите оние Македонци кои искрено сакаат независност за својата татковина.

За да ги прикрие своите озлогласени злосторства, бугарската влада со ренегатот Протогеров, денес прогласи дека сите нејзини убиени и прогонети жртви се комунисти.

Впрочем, познат е планот на владата на Цанков која зави во црно илјадници семејства, злосторнички и одвратен план според кој таа сака, откако ги уништи најистакнатите земјоделци и комунисти, да ја потчини македонската организација на cвoјата волја, или ако тоа не го стори, да ја уништи.

Затоа што полковникот Атанасов, војводата Алеко Василев, претставникот Занков, новинарот Војков, поранешниот пратеник Бујнов, интелектуалецот Кантарџиев и останатите убиени – сем македонскиот ревлуционер и комунистички пратеник во бугарското Собрание – никогаш не беа комунисти.

Грубите лаги на бугарските власти премногу се очевидни за да можат да го постигнат саканиот успех.

Во име на правдата и човечноста, апелирам до сите интелектуални и цивилизирани луѓе во Европа, до работниците и селаните во целиот свет, да го дигнат својот моќен глас на протест во одбрана на Македонците, кои што ги злоставува и касапи една влада, која во текот на само една година ги истреби бугарските интелектуалци и која беснее против бугарскиот народ на поѕверски начин од некогашните цариградски султани, влада составена од крволочни садисти, чии што подвизи ја возбудуваат сечија совест.

Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, која во минатото претрпела и подлабоки кризи од оваа, останува и ќе остане до остварувањето на својата прогама; но пред кобните злосторства деновиве, таа пред цивилизираниот свет го окривува генерал Протогеров како вистински кривец за колежите извршени како против Тодор Александров така и против останатите македонкски водачи и енергично бара една строга анкета. “

 

Посочил: Macedonia : a True Endless Story …
Извор: Дигитална Народна Библиотека Србије