Полски писател во 1599 година Александар и Филип ги нарекол Славјани.
„… Ние, Александар, Филип кралот Македонски, монарх, … На просветлениот род на Славјаните и нивниот јазик …“
Македонски превод од руската верзија:
„… Ние, Александар, Филип кралот Македонски, монарх, сликан како јарец, син на Јупитер, претскажан (навестен) преку Нектанаб, соговорник на Брахманите и дрвјата, Сонцето и Месечината, освојувач на кралството на Персијците и Медијците, владетел на светот од изгрејсонце и до зајдисонце, од југ и до север. На просветлениот род на Славјаните и нивниот јазик од нас и нашите наследници, кои по нас ќе управуваат со светот, праќаме милост, мир и поздрав.
За тоа, дека вие нам секогаш веродостојно ни помагавте, искрени во лојалноста/верноста и одлучни во битките, наши помошници, воинствени и силни, ви даваме и подаруваме слободно и за вечни векови целото пространство на земјата од север до пределите на Италија на југ, никој да не се осмели да остане тука, да се насели или да се засели, освен вашите роднини. И ако некој друг се најде тука, тој ќе биде ваш роб, а неговите потомци ќе бидат робови на вашите потомци.
Даден во нашиот новооснован град, основан на големиот Нил, реката Египет, во 12-та година од нашето владеење, со согласност на нашите големи богови Јупитер, Марс и Плутон и големата божица Минерва. Нашиот славен Аналектус, нашиот локотер и другите 11 принцови, кои, ако умреме без потомство, ќе не наследат и ќе управуваат со целиот свет. …“
Извадок од книгата на полскиот писател Бартолемиј Папроцки.