Петар Даниилович Драганов (1857-1928)

1894_Петар Драганов

• 1894 •

Meѓу Македонците има очајни бугаромани и очајни србомани, но има и таканаречени автономисти и автохтонисти коишто велат дека [Maкeдонците] никако не се дел од големите идеи на Симеон Бугарски и на Душан Српски.

 

•  • 

Србите и особено Бугарите го презираат македонското наречје, а мене ме напаѓаат затоа што… препорачувам некаква посебна македонска литература… Тие свињари не знаат дека литературата токму на македонското наречје, колку и да е мала, во секој случај е факт и не ја измислив јас.

 

•  • 

Познато е веќе дека некои Македонци-србомани на чело со М. Веселиновиќ ме клеветеа во печатот дека, наводно, во Солун примерите од српската народна поезија што ми биле доставувани сум ги преправал на бугарски начин… Исто така е познато и дека некои бугарски автори со егзархиските пропагандисти во Македонија констатираа (исто така преку печатот) дека јас, како чист Бугарин по потекло, малку или недоволно бугарофилствувам…, некои дури и заклучија дека јас лошо се однесувам како Бугарин и дека сум го продал бугарското дело.

 

•  • 

Голем дел од тоа што јас веќе го имам отпечатено за македонското наречје… и што уште имам намера да отпечатам за тој предмет, јасно покажува дека јас многу го сакам тоа наречје, му пожелувам, спротивно на српските и на бугарските желби, долготрајност и, ако сакате, литературен развој. Притоа наведувам многу докази дека Србите и особено Бугарите едноставно го презираат ова наречје, а мене ме напаѓаат затоа што не се однесувам со почит и верба кон нивните големи политички идеи и дека како да препорачувам некаква посебна македонска литература… Тие свињари не знаат дека литературата токму на македонското наречје, колку и да е мала, во секој случај е факт и не ја измислив јас. Па зарем јас го отпечатив зборникот на Миладиновци (не е важно што Хрватите во Загреб го нарекоа „блгарски“, со глупото и неумесно Ѫ), зарем јас ги измислив јазикот и тенденциите на Пулевски, Шапкарев, А. Ресенецот, Партеније Дебарски, во споредба со кои… јас и Дринов, како и Верковиќ и Сирку сме странци.

 

Бугаринот Петар Даниилович Драганов (1857-1928) е доследен македонолог и основоположник на македонистиката во Русија, афирматор на македонската национална свест, на македонскиот јазик и литература, на македонскиот фолклор и етнографија и на македонската историја и култура на крајот од 19 и почетокот на 20 век.

 

Посочил: мкд.мк