0482-0484_Јустинијанов Законик (забрана на Хеленизмот)

0482-0484_Јустинијанов Законик (забрана на Хеленизмот)
Уште на почетокот од Источното Римско Царство Хеленизмот е забранет како паганска религија нескладна со христијанската теократија на Ромеја.

Се работи за закон донесен за време на Императорот Зенон, кој подоцна влегол во состав на Јустинијановиот Законик. Ова е содржината на забраната на Хеленизмот:

Епископите и владините службеници треба да ги откријат и казнат учителите на Хеленски учења. Не треба да им се дозволи да ги учат, односно да ги расипуваат нивните ученици. Епископите и владините службеници треба да ги ставаат Грчките (Хеленските н.з.) учители без работа доведувајќи ја „безбожноста“ на Хеленизмот до нејзиниот крај. Никој не смее да остави подарок или остави во наследство било што на Грците (Хелените н.з.) или на училиштата, и другите установи кои го поддржуваат „безбожништвото“ на Хеленизмот.
Сите претходни закони против „грешката“ на Грците ги препотврдувам.
(Император Зенон, 482-484), Јусинијанов Законик 1.11.9-10)

Ако во илјада години постоење на Ромеја, a потоа уште пет стотини Турско владеење немало Хеленизам тогаш за сето тоа време не може да се зборува за постоење на Хелени.

Се поставуваат неколку прашања: Прво од каде никнаа Хелените кои се укинати во петти век и ги немало сѐ до 19 век. Второ како денешните жители на Грција можат да бидат и христијански Грци и пагански Хелени. Трето зошто во современата светска историја поимот Хелен се третира како синоним со поимот Грк кога немаат исто значење!? Хеленизмот бил религиско-филозофски правец кој се раширил по целото Средоземно крајбрежје. Додека поимот Грк означува етно-национална определба. Четврто Не се совпаѓа ли сето ова со обичајот Турците денешните Грци да ги нарекуваат Ромеи, а не Хелени!? А не се нарекувале ли и самите Грци себе си Ромеи на почетокот од националното освестување (пред да се замеша западноевропската хеленистичка романса) и се стремеле за обнова на Ромеја, а не на Елада!? Петто погоре наведеното ја образложува грчката национална стратегија од основањето на современа Грција, па до денес – за да се биде Грк нема потреба од постоење на крвна врска, доволно е личноста да се чувствува и изјаснува како Грк и по вера да биде православен христијанин.

Сето ова ја докажува бесмислата Грција да бара од Македонците национални услови кои самите воопшто не ги исполнуваат. А можеби токму затоа и така нервозно ги бараат. Без Хеленизам нема Хелени. Ако нема Хелени, тогаш, ако се сметани за нешто истоветно, не може да има ни Грци.

 

Посочил: ДООМ