Листа 1 на студенти со добиена стипендија
Листа 2 на студенти со добиена стипендија
Повод за написот е листата на студенти со доделени стипендии за учебната 2020/2021 година, званично објавена на интернет страницата на Министерството за (не)образование и наука на нивната земја.
МОН е еден од многу негативни примери како не треба да делува една сериозна институција. Највисокиот државен орган за развој и унапредување на образованието објавува службен документ преполн со елементарни печатни грешки на ниво од дете кое туку што научило да пишува. Каква критика треба општеството да има кон оние лица кои го сквернават македонскиот јазик, а истите треба да го унапредуваат.
Изгледот на овој службен документ е показател за ниските стандарди кои ги имаат вработените и одговорните во МОН и целата “Влада”. Која оценка би добиле одговорните, доколку овој документ би бил предмет за оценување? Министерката за образование треба или веднаш да ги отпушти од работа или самата да си даде оставка (ако тргнеме по таа логика и на самиот “Премиер” треба да му биде дадена оставка).
Намерно презафатени со безсмислени теми немаат време за суштинското.
Се занимаваат со воведување на задолжително сексуално образование во основните училишта, при тоа ги истиснуваат предметите кои суштински го одредуваат македонскиот идентитет. Зад затворени врати вршат прекројување на образовните програми. Наметнуваат реформи потполно самостојно, без соработка со соодветните институции. Работат без советување со граѓаните, а треба да ја спроведуваат народната волја.
Дали овие ниски литературни стандарди се стандардите на самата министерка за образование!? Можеби се уште не е излезена од претходниот ресор за Министерство за труд и социјала, па научена на штедење, штеди на букви, интерпункциски знаци, правописни правила. Или го штеди знаењето за наредениот ресор кој ќе го решава.
Ако има некоја интернет страница која е пример за непочитување на македонскиот јазик тоа е Владината интернет страница. Низ целиот интернет не постои интернет страница која во таква мера го извитоперува македонскиот јазик со најобемно користење на туѓизми. Колеж (масакр) на македонскиот јазик вршен од највисокиот извршен орган.
Употребата на туѓизмите е помодарски начин за лажно давање на значење. Кога сакаме да бидеме искрени не користиме туѓизми. Но секогаш кога сакаме да ги прикриеме намерите речениците се преполни со туѓизми. Она кое е едноставно да се претстави како нешто многу покултурно. Но токму тој метод на помодарско зборување го разобличува простаклукот на оние кои го користат.
Не е ни чудно зошто образовани, сериозни кадри не можат да си дозволат да бидат водени од неписмени, необразовани, партиски поставени луѓе кои за тековна лична корист безобѕирно ги распродаваат материјалните и духовните вредности на сопствениот народ.
СМРТ НА НЕОФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!