Ние раководството и членството на Македонска Национална Академија, како и мнозинството од македонската јавност, сметаме дека треба да се даде целосна поддршка на Предлог – декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, изготвена од пратеничката група на ПП ЛЕВИЦА при Собранието на Република Македонија. Ги повикуваме и другите македонски субјекти да го поддржат ова барање на ПП Левица.
Се надеваме дека Предлог – декларацијата ќе се најде на дневен ред на наредната собраниска седница и дека пратениците, како претставници на граѓаните на Македонија ќе ја потврдат волјата на македонскиот народ.
Во продолжение ја објавуваме целата содржина на предлог – декларација на пратеничката група на Левица.
Д Е К Л А Р А Ц И Ј А
ЗА ОСУДА НА БУГАРСКИТЕ НАЦИОНАЛ-ШОВИНИСТИЧКИ ПРЕТЕНЗИИ
1. Собранието на Република Македонија, со индигнација и во целост, го отфрла бугарскиот т.н. Објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Македонија во контекст на проширувањето на Европската унија и процесот на асоцијација и стабилизација (септември 2020) упатен од страна на официјална Софија до земјите-членки на ЕУ, како недоличен шовинистички акт кои ги урива добрососедските односи меѓу двете земји и поставува нереални, максималистички и експанзионистички барања кон македонската Република, под закана од т.н. бугарско вето за одржување на првата Меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија, како почеток на планираните и долгоочекувани пристапни преговори за полноправно членство во Унијата.
2. Македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се апсолутно, суверено, нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ, кое не може и не смее да биде дел од никаква странска билатерална замешателна агенда или, пак, мултилатерална преговарачка рамка за членство во било кој меѓународен сојуз или организација, а истото се темели на интернационалниот и императивен т.н. ius cogens правен режим – кој е општоприфатен и задолжителен за сите современи и цивилизирани народи во меѓународното јавно право.
3. Бараме од Владата на Република Македонија, а особено од Претседателот на Владата, од неговиот заменик – Министерот без ресор за европски прашања, како и од шефот на дипломатијата, т.е. Министерот за надворешни работи да бидат поагилни, подржавнички и пожестоки во нивните дипломатски напори за одбрана од намерните иредентистички напади и провокации кои доаѓаат од страна на (нео)врховистичките, „михајловистичките“ и великобугарските центри на нашиот источен сосед, со цел зачувување на македонското национално чувство, дигнитет и припадност, кои во XXI век се брутално негирани и оспорени на еден крајно дрзок, недостоинствен, примитивен, омаловажувачки и нецивилизиран начин, кој нема ништо заедничко со европските просветителски и хуманистички вредности.
4. Апелираме до Претседателот на Републиката, како своевиден „Татко на нацијата“ и dominus во надворешната политика, со сите свои ресурси и капацитети, да се стави во проактивна патерналистичка улога, заштитувајќи ги македонските национални интереси на меѓународно ниво, употребувајќи ги сите расположливи средства за доаѓање до историската вистина за злосторствата извршени од страна на бугарскиот фашистички окупатор на територијата на Македонија (Вардарска, Пиринска и Егејска) за време на Втората светска војна – како тогашни горди сојузници на Хитлер и Мусолини во Тројниот пакт, т.е. Оската на злото „Рим-Берлин-Токио“.
5 .Очекуваме од македонската страна официјално покренување на „зелена маса“ на круцијалното прашање за правата и статусот на непризнаеното македонско национално малцинство во соседна Бугарија (Пиринска Македонија) – согласно Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (1994), донесена од Комитетот на министри на Советот на Европа, а по бројните жалби и поплаки за непостапување на бугарските државни органи во спроведувањето на добиените правосилни и извршни судски пресуди пред Европскиот суд за човекови права (Стразбур) против Репу