До сите присутни на протестот на Цветници

До сите присутни на протестот на Цветници

25.04.2021 година во Скопје МАКЕДОНИЈА

Од името на МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА, како здружение кое активно се вклучи во сите активности околу протестот, најискрено Ви заблагодаруваме на сите присутни на протестот од 25.04.2021 година, за целосната и безрезрвна подршка кон барањата за СЛОБОДА НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ.
Ви благодариме од наше и од името на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, за одвоеното време, патриотскиот дух, достоинството од сите Вас искажано за време за целиот протест.
Сите Вие ВИСТИНСКИ МАКЕДОНЦИ, дојдовте на свој трошок, своја организација, без сендвичи и дневници, без оргазнизиран превоз, без притисок или уцена од било кој.
Дојдовте заради почитта кон браќата УСТАВОБРАНИТЕЛИ, стремежот за СЛОБОДА и ДЕМОКРАТИЈА , љубовта кон МАКЕДОНИЈА.
Со Вашето учество докажуваме дека сме единствени и сплотени во заеднички барања и цели и вака здружени можеме заедно да ги оствариме.
МОЖЕМЕ И МОРАМЕ.
Заради нашите поколенија, да им оставиме ТАТКОВИНА во која ќе бидат свои на своето и гордо ќе се претставуваат како МАКЕДОНЦИ.
Заради нашите предци, нашите херои револуционери, за да кога кај нив полагаме сметка, ГОРДО ќе истапиме и ќе кажеме:
НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ, СЕ ОБЕДИНИВМЕ И СПЛОТИВМЕ И НА 25.04.2021 ГОДИНА ЗАПОЧНАВМЕ НЕМИЛОСРДНА БОРБА ЗА ПРАВДА И СЛОБОДА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА, ПРОТИВ СИТЕ ДУШМАНИ И НЕПРИЈАТЕЛИ И ВНАТРЕШНИ И НАДВОРЕШНИ.
Продолжуваме со нашата борба и со нашите барања се до нивно целосно исполнување и целосна ПОБЕДА.
ЗА МАКЕДОНИЈА, ЕДНА , ЕДИНСТВЕНА, ВЕЧНА.

АМИН