27-ми тревен 2021 – Ново светло поглавје во македонската историја

27-ми тревен 2021 – Ново светло поглавје во македонската историја

27-МИ ТРЕВЕН 2021 – НОВО, СВЕТЛО ПОГЛАВЈЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

27 Април, 2017, најтемниот ден во поновата македонска историја. Ден кога започна слободниот пад на сите македонски вредности. Ден кога престанавме да бидеме држава, народ, кога останавме без идентитет, без јазик, историја, без најголемите наши револуционери и родољуби.
Оние кои се обидоа да се спротивстават на неправдата и да ги одбранат националните вредности се прогласени за терористи и веќе 4 години се неправедно во зандани. Осудени од лажни судии, лажни обвинители, врз основа на лажни докази од страна на лажни сведоци, лажна правда, само казната е вистинска. Осудени затоа што се родољуби, затоа што ја сакаат татковината, затоа што не поднесуваат неправда, омаловажување, потчинетост, покорност и уништувањето на се што е свето македонско.
Сега еден месец пред 27-ма Април, во пресрет на 4-годишнината од овој настан, сите кои се чувствуваме Македонци по род и Православни Христијани по вера, да се организираме и да го одбележиме денот како што долкува. Да им одадеме подршка на нашите браќа и да испратиме силна порака и до подржувачите и до душманите. Имаме доволно време да организираме достоинсвен протест, со масовна излезеност да ја покажеме нашата сплотеност, заедништво, непокор. Нека нашите бранители, бидат нашето ,,огниште“ околу кое ќе ги збиеме редовите и ќе започнеме ново поглавје од нашето живеење.
Да разберат сите дека не има и ке не има, ќе опстоиме и ќе постоиме додека постои светот и векот.

27 цутар 2021
МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА