Геостратешкото “проклетство” на Македонија и македонскиот народ

Геостратешкото "проклетство" на Македонија и македонскиот народ

Македонија се наоѓа во средиштето на Балканскиот Полуостров. Во изминатите 2300 години за сите евроазиски империи има клучно место за нивната сила. Македонската, Римската, Ромејската, Османлиската и сега Западната империја. Губењето на Македонија за империите значело губење на Балканот. Што последично водело кон губење на целата империјална моќ.
За време на Османлиското Царство најпрво се ослободувале народите кои биле по краевите на империјата. Македонските бунтови за слобода биле во најнеповолни услови. Тешко е да се замисли дека било можно да се отвори слободен територијален простор во средината на Империјата. Кога ослободувањето од по краевите ќе дојде до Македонија, најпрво со бугарското кнежество, конечно македонскиот народ добива нешто поповолни логистички услови за сопствената национална борба.
Пораното ослободување на соседните држави им дава предност која ја искористуваат во здружено негирање на македонската самобитност и меѓусебна трка за грабање на што поголем дел.
Македонската геостратешка состојба е истата и денес. Ако Западната империја го изгуби колонијалното владеење над Балканот ќе го изгуби глобалниот империјален примат. А Македонија е одлучувачка за распоредот на моќта и тоа не само од територијални туку и од историски геостратешки причини.
Како што некогаш во Македонија, Турците држеле огромна воена сила, држејќи ја границата кон Бугарија како најдобро чувана граница во целото Царство, како што Србите две третини од жандармерискиот уред го држеле во Вардарска Бановина, дури и воведуваат уставна диктатура за потиснување на немирите, така и сега западните евро-американски сили во Македонија користат огромни разузнавачки и политички ресурси за одржување на својот колонијален примат. А со тоа и за олеснето колонијално владеење во македонската околина.
Без Балканот нема моќен Запад. А без контрола над Македонија тешко може да се одржува примат на Балканот.
Имајќи го ова на ум, имајќи ги на ум силите и најнеповолните услови со кои што како народ сме се соочувале, можеме да кажеме дека македонскиот народ не само што не бил слаб, неспособен, туку покажува(л) уникатно силна етноцентрична издржливост што е посебна тема за разработка.
Еден од најголемите докази за силата на македонскиот народ е создавањето на Македонската империја. Која историски може да се смета како значајна причина за односот на Европа кон Македонија. Денешната Европа својата државна основа ја гради врз Римската империја, а идеолошко-културната врз Хеленизмот. Како таква продолжува со пресметката со својот најголем ривал – Македонската империја и етноцентричниот Македонизам.

19 Сечко 2021
ОБЈАВА НА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА