2023.03.23_До вчера жртви, сега џелати

ДО ВЧЕРА ЖРТВИ, СЕГА ЏЕЛАТИ

Шарените платеници видно се вознемирија по успешната трибина околу воведување на контроверзното сексуално образование, на која главни говорници беа Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков и универзитетскиот професор д-р Венко Андоновски, и каде јасно и гласно беа обелоденети и разобличени нивните стратегии за идеолошка индоктринација на децата преку ширум отворената врата во образованието и законодавниот дом.

Првата реакција на Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Ена Бендевска од Хелсиншки Комитет итн. повторно им беше „Црквата да одјебе“.

Но, откако видоа масовно споделување на трибината на социјалните медиуми, вчера имаа итен состанок со нивната платформа за т.н. „родова еднаквост“ (ХЕРА, Маргини, Хелсиншки…), и напишаа реакција, каде што категорично велат, цитираме:

Во секуларна држава, мислењето на Црквата е нерелeвантно во креирањето на политиките за родова еднаквост.

Според овие пропагатори на родовата идеологија, црквата и верниците не смеат да го искажат јавно своето мислење за општествени прашања кои ги засегаат сите жители и сите деца во државава, дури ни во домовите на култура, кои им припаѓаат на СИТЕ жители на државата. Според нив, верските лица смеат да зборуваат за општествени феномени само внатре помеѓу ѕидовите на нивните верски објекти и ниту еден чекор надвор од нив! Надвор од верските објекти смеат да проповедаат само атеистите и само виножитните платеници.

Тоа не е секуларизам, туку цензура!

Не, драги наши, тоа не е секуларизам. Тоа е цензура. Тоа е комунистички режим, како оној на Сталин и Мао Це Тунг, кои заедно убија 100 милиони луѓе, 50 пати повеќе од сите крстоносни војни заедно. Тоа е директно кршење на Уставот на Македонија, кој во член 16 гарантира слобода на говор, јавен настап, јавно изразување и јавно информирање на СИТЕ граѓани, а тоа секако ги вклучува и верските лица. Уставот за верските лица не важи само меѓу ѕидовите на верските храмови, туку на секој еден метар квадратен во рамките на територијалните граници на Македонија.

 

Упатница до целата статија
Коалиција за заштита на децата