МПЦ со повик за мирен протест

МПЦ со повик за мирен протест

‼️.

Синодот на МПЦ на денешната седница одлучи да го повика народот на мирен протест против донесување на Законот за родова еднаквост и измените во Законот за матична евиденција, со кои се планира да се легализираат безброј родови т.е. пола, што е спротивно на научните факти и спротивно на која било вероисповед.

Коалицијата за заштита на децата ги повикува сите свои коалициони партнери, сите родители и сите граѓани, без разлика на верската, етничката и партиската определеност, да излезат и да се приклучат на овој мирен протест, и да го кажат своето НЕ!! за менување на објективната реалност.

Замолуваме, како што е и наведено во соопштението, сите присутни достоинствено и мирно да излезат на протест и да не дозволиме емоциите на револт да се претворат во недолични дела со кои само ќе се наштети на нашата мисија да се заштитат децата, семејните вредности и правата на жените.

📍 Соборен храм “Св. Климент Охридски” – Скопје

🗓 29.06.2023 г.

⏰️ 18:00 часот

КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА