До информацијата дојдовме преку нашиот партнер „Преземи Одговорност“. Тие ни ги пратија следните скриншотови, во кои се гледа објавата од г-динот Илија Тарчуговски, чие име сега го обелоденуваме, со оглед на тоа што самиот јавно даде изјава со извинување и коментарите беа на јавна објава видлива за секого. По добивањето на овие скриншотови, се разбира дека ние, загрижени за децата, веднаш објавивме предупредување до сите родители.
Во меѓувреме, на Фејсбук страницата на Коалицијата ни пишуваат коментари и лични пораки лица кои никогаш до сега не не’ следеле и не коментирале, а кои исто така тврдат дека било грешка и бараат од нас да ја отстраниме објавата. Дури се обидуваат да не’ принудат и со емотивни манипулации, и тоа вработени во Владата, конкретно во Секретаријатот за Европски прашања.
После овие преписки, следеше демантот од директорката Соња Кирковска, како и извинување од г-динот Тарчуговски и изјава од родителите на учениците во 1-2 одделение. Овие документи ги пренесуваме како што оригинално беа објавени на Фејсбук страницата на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Центар, само со наше подвлекување со жолт маркер на одредени делови од демантот (подолу ќе ви посочиме со која цел).
После ваквиот оркестриран напад на Коалицијата, директорката Соња Кирковска даде изјави и за повеќе медиуми и портали, како и за т.н. „Вистиномер“, кои се платформа платена од Сорос, и кои се обидуваат да го убедат народот во небулозата дека ако некој нешто демантира, тоа значи дека ја кажува вистината.
Во манипулативната објава на„Вистиномер“, се вели дека директорката тврди дека на цртежот се „татко и синови и мајка и ќерка“ и дека на работниот лист гледаме „еднородителски семејства“, а во објава на Канал 5 може да прочитате дека МОН се оградува дека тоа се материјали од министерството и вината ја префрла на наставниците.
Се разбира, сите медиуми што оркестрирано се фокусираа на овој настан, тенденциозно изоставија да го спомнат името на Коалицијата за заштита на децата, иако демантот на директорката е насочен кон нас. Претпоставуваме, ваквите промашувања спаѓаат под „објективно и професионално новинарство“…
Да се навратиме сега на маркираниот дел од демантот на директорката објавен на Фејсбук страницата на училиштето. Таму се вели: „сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште“. Оваа реченица остава впечаток дека работниот лист воопшто не се користел во училиштето. Но, доколку се сфати дека само учебникот не се користи во училиштето, тогаш се прашуваме зошто тоа воопшто е релевантно по однос на прашањето со работниот лист, кој сепак се користел во наставата? Очигледно тенденциозно дефокусирање.
Притоа, директорката Кирковска тврди дека „сликата е лажна“, а во меѓувреме за медиумите изјавува нешто сосема друго – дека работниот лист навистина се користел, што значи дека сликата воопшто не е „лажна“:
– Зошто на првоодделенци, кои треба да пишуваат за своето среќно семејство, им се сервираат слики од две семејства само со еден родител/старател и им се пренесува пораката дека тоа е „среќно семејство“? Зошто нема ниту една слика од традиционално семејство составено од мајка, татко и дете/деца или тоа воопшто не спаѓа во „среќно семејство“?
– Ако првата слика е навистина слика на татко со двајца синови, зошто тогаш синовите се со толкава голема разлика во возраста? Зошто поголемиот „син“ е со темна кожа и воопшто не наликува на таткото? Зошто поголемиот „син“ го гледа својот „татко“ толку заљубено? Зошто таткото го држи својот возрасен „син“ за рака? И зошто „синот“ има бурма на левата рака?
Се обидовме тоа да го дознаеме директно од директорката, но не бевме удостоени со одговор.
Упатница до изворната статија
Коалиција за заштита на децата