2023.03.26_Одблесоци за д-р Анастас Коцарев во Париз

2023.03.26_Одблесоци_13_Плаката за одбележувањето на д-р Коцарев

Macedoniens Oublies - oznaka Macedoniens Oublies - natpisPRESS RELEASE
Communiqué de presse
Париз, 26. цутар 2023

ОДБЛЕСОЦИ ЗА Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ ВО ПАРИЗ

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз викендов во Париз се одржаа низа на случувања во чест на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев во рамките на одбележувањето 133 години од неговото раѓање и 92 години од неговата прерана смрт под слоганот: Одблесоци. Д-р Анастас Коцарев. Еден век потоа.

2023.03.26_Одблесоци_01_Градоначалниците Ерве и Пецаков и академик КоцаревГрадоначалниците на Охрид и Бонди Кирил Пецаков и Стефан Ерве, заедно со академик Љупчо Коцарев

Случувањата се одвиваа под слоганот „Одблесоци. Д-р Анастас Коцарев. Еден век потоа.„ и беа поделени во два дела на неколку места каде живеел и работел д-р Коцарев, односно денес „Музејот Кири“ и „Институтот за радиум“ во Париз, а средишното помен-одбележување беше на неговиот гроб во париската општина Бонди на која за првпат присуствуваа градоначалниците на Охрид г. Кирил Пецаков и градоначалникот на Бонди г. Стефен Ерве, Претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите академик Љупчо Коцарев и претставници на семејството Коцареви од Охрид.

2023.03.26_Одблесоци_02_Коцареви, градоначалник Охрид и здружението Заборавени Македонци, Институтот за радиумСемејството Коцареви и градоначалникот на Охрид г. Кирил Пецаков, со колегите од здружението „Заборавени Македонци“, пред „Институтот за радиум“ каде своевремено со Мари Кири работел д-р Анастас Коцарев

2023.03.26_Одблесоци_03_о. Д. Стојчевски, панихида за д-р А. КоцаревОтец Даниел Стојчевски МПЦО „Св. Кирил и Методиј“ отслужи панихида за д-р Анастас Коцарев

2023.03.26_Одблесоци_04_Градоначалниците на Бонди и Охрид пред гробот на д-р А. КоцаревГрадоначалниците на Бонди и Охрид, г. Ерве и г. Пецаков положија заеднички венец на гробот од д-р Коцарев

2023.03.26_Одблесоци_05_Семејството Коцареви пред гробот на д-р А. КоцаревСемејството Коцареви пред гробот на својот предок д-р Анастас Коцарев

Градоначалникот на Охрид г. Пецаков го нагласи значањето на ликот и делото на д-р Анастас Коцарев како една ретка и единствена приказна на човек кој му подарил вака големо нематеријално наследство на светот и најави низа намери кои во усогласеност со општина Бонди ќе се остваруваат постапно преку: именување на улици и објекти во двете општини со неговото име; обележување на местата каде живеел и творел; подготовки за пренесување на гробот на научникот во Охрид и отворање на музеј.

Македонија и Франција имаат вистинска причина за уште едно поврзување  и одговорност да работат на обнародување на научната оставнина на научникот„ – рече градоначалникот Пецаков и додаде дека д-р Анастас Коцарев припаѓа на ретките „граѓани на светот“ кои планетарно дале придонес за општото добро на сите, преку нивната научна и пожртвувана работа во медицината.

2023.03.26_Одблесоци_06_Говор на градоначалникот г. Кирил ПецаковГрадоначалникот на Охрид г. Кирил Пецаков

2023.03.26_Одблесоци_07_Говор на градоначалникот г. Стефан ЕрвеГрадоначалникот на Бонди г. Стефан Ерве

Градоначалникот на Бонди, Стефен Ерве и неговиот тим за меѓународна соработка срдечно ги прими гостите од Македонија и ги поздрави иницијативите во рамките на партнерството меѓу двата града кое е неизбежно бидејќи ликот на Анастас Коцарев станува обврска и силна алка на поврзување меѓу двата града и најави возвратна посета на Охрид со цел да го види градот на УНЕСКО во кој се родил д-р Анастас Коцарев.

Градоначалниците Ерве и Пецаков положија заеднички венец на гробот на д-р Коцарев во знак на заедничка почит кон научникот и гест на поврзување и соработка во иднина.

2023.03.26_Одблесоци_08_Размена на подароци меѓу градоначалницитеДвајцата градоначалници разменија подароци од име на своите општини

Меѓу двајцата градоначалници договорено е во чест и почит на делото на д-р Коцарев, улица во општина Охрид и во општина Бонди да го носат името на големиот научник и Македонец.

2023.03.26_Одблесоци_Rue Kotzareff 2023.03.26_Одблесоци_Улица Коцарев

Академик Љупчо Коцарев ја поздрави работата на двајцата градоначалници, Ерве и Пецаков, во напорите да создадат заедничка основа во зачувување на ликот и делото на д-р Анастас Коцарев на нивото кое тој го заслужува. Говореше за големината на научникот преку бројчаности колку често и денес, после еден век од неговата дејност тој сѐ уште е наведуван во медицинската наука. Академик Коцарев се осврна и на родољубното делување на Анастас Коцарев во Швајцарија. За неговата заложба за независност на Македонија. Ги повика денешните политичари во Македонија да не отстапуваат ни за педа од програмата на Коцарев за единствена и независна Македонија.

2023.03.26_Одблесоци_09_Говор на Претседателот на МАНУПретседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите академик Љупчо Коцарев

На форумот „Одблесоци. Д-р Анастас Коцарев. Еден век потоа.„ академик Коцарев своето излагање го постави врз неколку точки наведувајќи ги Тадеуш Боровски, Надежда Манделштам, Хана Арент и Иво Андриќ. Извлекувајќи го од нивните лоши искуства и судбини изразот „македонски холокауст“ во кој се најде македонскиот народ денес. Бидејќи „никогаш порано во историјата на Македонија за дел од центрите на политичка моќ надежта за полноправно членство во ЕУ не била поголема, но никогаш, за жал, таа не направила толку многу штета како денес. Никогаш не научивме како да се откажеме од надежта, па затоа денес згаснуваат, изумираат македонскиот јазик, идентитет, држава… Надежта ги прави луѓето беспомошни и ги спречува да дејствуваат храбро. Па така, заради надежта за полноправно членство во ЕУ дозволивме бришење на Македонците во Егеј и во Пирин, дозволивме бесмислени реформи и дивеења на владејачката елита“ – рече академик Коцарев.

 

АКАДЕМИК КОЦАРЕВ ПОВИКА НА ОБЕДИНУВАЊЕ

На средбата со македонската заедница во Франција во црквата „Св. Кирил и Методиј“ академик Коцарев повика на обединување на Македонците и ја прогласи 2023 година за „година на обединување“: – „Повикувам 2023 година да биде почетокот на обединувањето на Македонците околу македонизмот, што ќе овозможи да се оствари правото на самоопределување на македонскиот народ во меѓународната заедница и ќе придонесе за достоинствен живот на Македонците, подвлече Коцарев поздравен со бурни аплаузи од публиката.

2023.03.26_Одблесоци_10_Заедничка слика во храмот Св. Кирил и Методиј, ПаризМакедонска Православна Црква – Охридска Архиепископија
МПЦО „Св. Кирил и Методиј“ – Париз
Од лево кон десно: отец Даниел Стојчевски, Крум Коцарев, д-р Соња Коцарева – Трпезановска, проф. Љупчо Трпезановски, академик Љупчо Коцарев и Владимир Будимовски

„Според Универзалната декларација за правата на човекот на Обединетите нации, потсети Коцарев, – ‘секој има право на националност’ и ‘никој не смее самоволно да биде лишен од својата националност, ниту од правото да ја промени националноста’“.

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик во државата што се вика Македонија и чувствувам потреба, денес, … (овде Претседателот Коцарев беше прекинат со аплаузи), … и чувствувам потреба, денес од овој величествен македонски храм, уште еднаш да нагласам 2023 година да биде година во која еднаш засекогаш ќе се договориме, со акламација, и тоа е услов за влез во ЕУ, дека македонското име, македонскиот јазик, македонската култура, македонскиот идентитет, македонската историја имаат милениумска традиција во границите на денешна Македонија и надвор од неа“.

Внуката на д-р Анастас Коцарев, д-р Соња Коцарева – Трпезановска ја раскажа трагичната судбина за нејзиниот дедо и скоро еден век изгубената трага за неговиот гроб сѐ до денот кога во нивната семејна збирка не било пронајдено писмото од вереницата на д-р Коцарев, во кое таа им соопштила за смртта, погребот и вечното почивалиште. Д-р Коцарева – Трпезановска упати бескрајна благодарност до сите вклучени страни во овој проект и посебно се заблагодари што двете општини Бонди и Охрид одлучија да работат заедно.

Таа во име на семејството Коцареви рече: „Денес аманетот да го најдеме гробот каде почива Анастас го исполнивме, но сакаме да ја исполнеме и неговата желба и сите заедно да направиме напори за тој да се врати во својот роден град, во својот сакан Охрид, во својата сакана Македонија.

2023.03.26_Одблесоци_11_Градоначалникот Стефан Ерве и д-р Соња Коцарева - ТрпезановскаВнуката на д-р Анастас Коцарев, д-р Соња Коцарева – Трпезановска во разговор со градоначалникот на Бонди, г. Стефен Ерве.

Во рамките на форумот беше прикажан и документарниот филм „Заборавени македонски умови – д-р Анастас Коцарев“ на кој автор е д-р Коцарева – Трпезановска.

Настанот заврши со доделување на признанија на градоначалниците Ерве и Пецаков, академик Љупчо Коцарев, д-р Соња Коцарева Трпезановска и МПЦО „Св.Кирил и Методиј“ предводена од Владимир Будимовски и отец Даниел Стојчевски за нивниот исклучителен придонес во зачувување на делото на д-р Анастас Коцарев и македонскиот народносен, јазичен, културен и верски идентитет. Доделени беа и благодарници на сите кои овозможија овој настан да ја добие оваа значајност и да поттикне ваква љубопитност кај Македонците во Франција.

2023.03.26_Одблесоци_12_В. Будимовски, о. Д. Стојчевски и градоначалник К. ПецаковВладимир Будимовски и отец Даниел Стојчевски од МПЦО „Св. Кирил и Методиј“ со градоначалникот на Охрид г. Кирил Пецаков

Крајно напнатата атмосфера со непрекинати протести и штрајкови со кои се соочува француската престолнина и воопшто Претседателот Макрон и Владата на Елизабет Борн во врска со реформата на пензискиот систем во Франција не ја спречи агендата на здружението „Заборавени Македонци“ и високите гости од Македонија во целост да ја остварат програмата планирана за викендот во Париз.

„Со посетата на македонската делегација заокружен е можеби најзначајниот дел од проектот – ‘партнерството меѓу општина Бонди и Охрид„ и со право можеме да кажеме дека двата града веќе од денес работат на една сериозна програма која како наследство и обврска нѝ ја остави д-р Анастас Коцарев – изјави претседателката на здружението „Заборавени Македонци“ г-ѓа Соња Кировска видно задоволна од исходот на средбата меѓу двајцата градоначалници и од сите планирани случувања во рамките на настанот организиран во чест на научникот Коцарев.

2023.03.26_Одблесоци_13_Плаката за одбележувањето на д-р Коцарев

Д-р Анастас Коцарев (француска транслитерација: Dr Anastas Kotzareff) е роден во Охрид, на 26. цутар 1890 во старо и угледно охридско семејство Коцареви. Основно образование завршил во Охрид, гимназија во Солун и медицински факултет во Женева каде докторирал и останал да работи на Женевскиот универзитет како асистент, потоа како лекар и приватен доцент по онкологија на универзитетската клиника. Во 1928 година со својата вереница Сесил Пинел се населил во Париз каде ненадејно починал на 28. цутар 1931 година.

Д-р Коцарев со својата научна работа бил посветен на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Ова истражување ќе го насочи на тесна соработка со познатата нобеловка Мари (Склодовска) Кири која во тоа време била професор и директор на лабораторијата за радиум на Универзитетот Сорбона во Париз.

Бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата и првиот научник во светот кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од канцер (рак).

Покрај неговата професионална преокупација – медицината, д-р Анастас Коцарев во текот на Првата Светска војна, и по неа, развил живо политичко дејствување во Швајцарија и се залагал „за единствена и независна држава Македонија“.

Во 1918 година ги обединил македонските друштва од Цирих и Лозана во заедничко „Друштво на Македонците за независна Македонија“, а подоцна бил основан и „Генералниот совет на македонските друштва во Швајцарија“ („Conseil general des Sociétés macédoniennes“) на кое Коцарев бил избран за Претседател. Во 1919 година, во текот на Париската мировна конференција во Париз д-р Коцарев во име на Главниот одбор поднел барање да испрати тричлена комисија која би ги застапувала засегањата на македонскиот народ, но нивното барање било одбиено од преговарачите на конференцијата. Главниот одбор и д-р Коцарев продолжиле да испраќаат телеграми и петиции барајќи праведно решавање на македонското прашање.

2023.03.26_Одблесоци_14_К. Коцарев, д-р Љ. Трпезановски, д-р С. Коцарева, г. К. Пецаков, г-ѓа Б. Пецакова и П. Коцарев, Музеј Кири, ПаризСемејството Коцареви на „Музејот Кири“ во Париз му подарија документарен материјал за научниот работник д-р Анастас Коцарев.
Од лево кон десно: Крум Коцарев, проф. д-р Љупчо Трпезановски, д-р Соња Коцарева, градоначалникот на Охрид г. Кирил Пецаков, г-ѓа Билјана Пецакова и Павел Коцарев.

 

Необнародени Македонци - Анастас Коцарев, д-рЗдружение „Заборавени Македонци“