НАРОДНО БУДЕЊЕ ВЕ ПОВИКУВА
РАЗБУДЕТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ!
На 30ти Гроздобер (Септември) во 17 часот пред Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“, ВЕ ПОВИКУВАМЕ НА ВОНПАРТИСКИ СОБИР за одбележување на 5 годишнината од од народно успешно-отфрлениот, бесрамно-предавнички, Референдум 2018 година.
Бидејќи партиската психологија е главниот предизвикувач на националните поделби и порази, повикуваме НА ЧИСТО ВОНПАРТИСКИ РОДОЉУБЕН СОБИР. ГИ ПОВИКУВАМЕ непокорните и разбудени Македонци, да се собереме настрана од сите партии и нивните подружници за самоорганизирање на македонскиот отпор. Ова е прв собир од низата на собири кои НАРОДНО БУДЕЊЕ ќе ги организира и ќе повикува на општо-народно будење. Повикуваме да дојдат сите оние кои ја сакаат Македонија за осмислување на граѓански отпор.
РАЗБУДИ СЕ И РАЗБУДИ ГО ТОЈ ДО ТЕБЕ! БИДИ ОДГОВОРЕН, КОГА СИ Ѝ ПОТРЕБЕН, ИСПОЛНИ ЈА СВОЈАТА ДОЛЖНОСТ КОН ТАТКОВИНАТА!
На собирот ќе излеземе со предлози за натамошната национална и граѓанска борба за нашиот национален и човечки опстанок.
На овој собир ќе бидат изнесени следните барања:
2. Да се престане со надворешните политички притисоци со кои се нарушуваат нашите национални и човекови права.
3 Да се поништат како неважечки, предавничките самоуништувачки договори, закони и одлуки („Преспански“, Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност, …).
4 Да се распушти историската комисија која преговара за суверени македонски историски прашања.
5. Да се престане со сите бесрамни против-култоролошки подметнувања кои се противречни на традиционалните вредности на македонскиот народ и другите народности кои живеат во Македонија.
1. НАШЕТО ГЛАВНО БАРАЊЕ Е – Со цел да се соочиме со партиската психопатологија која како метастаза ги убива македонската нација и македонската држава, да се состави тело ГОРЕН ДОМ (кое во иднина ќе се избира на општи избори), составено од национално заслужни граѓани кои се партиски независни и кои ќе имаат право:
• Да ставаат вето на одлуките на Собранието и Владата;
• Органите на Правосудството да бидат под непосредна надлежност на ова тело.
За натамошно наше поврзување на настанот ќе се делат пишуван материјал, беџови и други видови на материјали.
* На собирите организирани од НАРОДНО БУДЕЊЕ, секој позначаен партиски функционер, независно дали се работи за голема или мала партија, ќе биде замолен да го напушти местото на собирот.
* Народно будење е законски заведено здружение на граѓани.