1941—1942 « 1975_Marshall Lee Miller – ’Bulgaria during the Second World War‘, p123, (Stanford University Press)

1942.10 « 1975_Marshall Lee Miller - ’Bulgaria during the Second World War‘, p123, (Stanford University Press)

„… Германски разузнавачки извештај од 1942 запазил: ‘Македонците, кои во текот на југословенското владеење со воодушевување гледаа на сѐ што е бугарско, сега се извонредно разочарани откако се запознаа со целосно поткуплива како и неспособна бугарска управа’ …“

„… Граѓаните дадоа дури и уште побурен дочек на бугарските војски кои влегоа во Македонија во тревен 19, 1941. Топлиот прием према бугарските војници во голема мера бил исход на македонската огорченост од три десетлетното српско владеење. Административната бруталност, српскиот шовинизам, политичката поткупеност [корупција], и стопанското искористување [есплоатација] беа потешки [флагрантни] во Македонија отколку во другиот дел од Југославија. Од таму не беше изненадување што многу Македонци со навивање го поздравија влезот на Бугарите. Еден жител на Скопје подоцна објасни, ‘Се разбира дека ние навивавме; ние не можевме да знаеме дека Бугарите просто ќе ги повторат сите грешки кои Србите ги направија’. …“

„… Дури и службениците да беа подобри, условите со кои се соочија жестоко би ја испитало нивната издржливост. Водечкиот спротивпоставен [опозициски] член на Народното Собрание, Петко Стаинов, се пожалил во жетвар 1942, ‘Каков изглед и појава очекувате од службениците кои во текот на пет месеци јадат само леб и грав?’ Запоседнувачките [окупациските] војски имаат соодветна храна, испратена од правата Бугарија, но тие се однесувале исто сурово и арогантно спрема местното население како и службениците. Наместо да се однесуваат како ‘ослободители’, војските се однесувале како освојувачи. Ова беше поправено откако повисоките власти станале свесни за проблемот, но горчливиот впечаток останал. Војската која била поздравена со таков полет [ентузијазам] стана предмет на одвратност.
Оние Македонци кои очекуваа културна и јазична самостојност [автономија] беа посебно разочарани. Властите ги отфрлија сите барање на Македонската култоролошка посебност и ‘ги третирале жителите како некакви назадни Бугари’. Силно нагласување било ставено на образованието во смисла на Бугаризација. …“

„… Ова “Ослободување” на Македонија било истакнувано [прокламирано] со многу помпа од Владата во Софија. Многу наздравувања беа испиени во чест на здравјето на Фирерот кој толку љубезно “ја ослободи” страдалната Македонија и во неговата голема милост ја поврати на “Мајката Земја”. Сите весници на Оската се натпреваруваа меѓу себе во нивните напори да докажат дека Македонците биле всушност Бугари и дека Хитлеровиот Нов Поредок ним им донел ослободувањkе. Разни слики беа објавувани прикажувајќи мноштво од полетни [ентузијастички] Македонци како ги поздравуваат нивните германски угнетувачи, а подоцна и бугарските запоседнувачки [окупациски] власти.
Во текот на овие денови на јавни прослави низ Македонија, Ѓорѓи Валков и јас бевме позади нацистичката жичана ограда – во првиот германско – управуван концентрационен логор во Бугарија, сместен во Родопските Планини, а подоцна преместен во Северна Грција. Во истиот логор имаше неколку водачи на Македонското Федералистичко Движење кои последично се придружиле на Титовата ослободителна војска. Беше необично да се дели овој затворски живот со Македонските водачи додека Хитлер и неговите Софиски агенти зборуваа за “ослободување” на Македонија.
Во текот на многу долги часови од досада кои ги поминавме заедно со тие Македонски водачи, од кои повеќето беа герилски борци со години, мене ми објаснија, на едноставен јазик, неподдржано со бројчаности [статистика] или дипломатски формули, за наводниот нерешлив проблем на Македонија. Тие ме убедија дека овој проблем, е далеку од нерешлив, всушност лесно би се решил, ако му се пристапи од прав агол – Македонскиот агол, …“

 

Слична содржина
1914.11.11_Андрей Сиротининъ - ’Голосъ Минувшаго‘

Посочил: Кукузел

Извор: sagepub.com