(од лево на десно) Непознат, Трпо Поповски и Павел Шатев.
Трпо Поповски (21. V. 1848 – 25. V. 1928) е македонски преродбеник и револуционер, свештеник и учител. Целиот свој живот го посветил на борбата против грчката пропаганда во Македонија и е еден од првите основачи на училиште на мајчин јазик во Костурско. Клеветен од грчките владици, како голем борец против елинизмот во Западна Македонија и член на Македонската револуционерна организација, Поповски бил постојано прогонуван и затваран од властите.