Македонскиот деец Атанас Кирјаков – Војводата од Благоевград му возврати на бугарскиот Вицепремиер и Министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој ги повика Македонците што имаат и бугарско државјанство на претстојните избори да гласаат за неговата партија ВМРО-БНД.
„Кога ќе дојде време бугарскиот суд да регистрира македонска партија (како ОМО ‘Илинден’), тогаш сите 100.000 Македонци од Република Македонија што имаат бугарски пасоши ќе гласаат на изборите во Бугарија токму за ОМО ‘Илинден’“, му одговори Кирјаков на Каракачанов.
„Сите бугарски политички партии и бугарски организации на територијата на Пиринска Македонија да се распуштат или да се преименуваат во македонски политички партии и македонски организации, за да се спротивстават на бугарската асимилаторска политика“, вели во друга објава на Фејсбук еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“ и кандидат за градоначалник на Благоевград на минатогодишните општински избори.
Извор: Портал иНФОМАКС