МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРЕДНИОТ ВЕК: Ромејскиот император Алексиј I Комнин војувал против Траки и Македонци во 12. век.
Летописката (хроничарка) Ана Комнина говори за битките на нејзиниот татко – владетелот Алексиј I Комнин против војски на Траките и Македонците во 12. век. Таа вели: „Вриениј дознал дека Алексиј Комнин го пресекол неговиот пристап, па ги наредил своите војници по следниов редослед и тргнал против него… Левото крило предводено од Катакалон Тарчаниот, било составено од целосно вооружени Македонци и Траки, вкупно околу 3.000 на број. Самиот Вриениј го командувал центарот на фалангата составена од Македонци, Траки и одбраните луѓе од благородништвото“.