Македонското друштво “Илинден“ – Тирана, на 14 златец 2023 година, со почеток во 18 часот во „Реја“ (пред Национална галерија) – Тирана, организира промоција на сликовница со „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“.
Сликовницата со македонски народни носии го подготви Никола Ѓурѓај и се испечати со поддршка на Комитетот за национални малцинства. Влезот е бесплатен а може да присуствуваат сите заинтересирани, испечатени се 300 примероци во печатницата “Абази” во Тирана.
Сликовницата има фото слики од областите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, селата Крчишта и Ербеле, област Поле, округ Пешкопеја, додаде тој. Во сликовницата се поставени 12 слики и кај секоја од нив на македонски и албански јазик стои кусо објаснување за носијата.
Посочил: Портал весник Илинден